101skin.mk

Call Directions Website Contact the business

101skin.mk 101 Skin Clinic е специјализиран центар за третман на секаков вид на естетски проблеми со кожа

❓Дали знаете дека постојат различни типови на лузни од акни? А, дали знаете дека секој тип на лузни од акни бара различе...
23/08/2026

❓Дали знаете дека постојат различни типови на лузни од акни? А, дали знаете дека секој тип на лузни од акни бара различен тип на третман?

✅ Во случајот се работи за тешка форма на атрофични лузни (комбинација од ice pick, boxcar и rolling лузни од акни).
Истовремено се третираат ice pick и boxcar лузните со помош на TCA Cross, TCA Paint и Радиофрекфентен Фракционен Микрониделинг. Rolling лузните се третираат со неаблативен фракционен Erbium Glass ласер

🔆 Нашето мото е Науката во функција на Вашата убавина!

Кожата понекогаш знае прва. 🔍Таа не е само надворешна обвивка, туку сложен орган поврзан со имунолошкиот, нервниот, хорм...
16/08/2026

Кожата понекогаш знае прва. 🔍

Таа не е само надворешна обвивка, туку сложен орган поврзан со имунолошкиот, нервниот, хормоналниот систем и крвотокот. Затоа, одредени промени на кожата понекогаш можат да бидат трага за она што се случува во организмот.

На што треба да обрнеме внимание?

▪️ Темна и задебелена кожа во наборите може да биде поврзана со зголемено ниво на инсулин и инсулинска резистенција.

▪️ Акните во возрасна доба, особено кога се придружени со неправилен циклус, зголемена влакнетост или проретчување на косата, понекогаш бараат и хормонална процена.

▪️ Жолтеникавите наслаги околу очните капаци не секогаш значат покачен холестерол, но се добра причина да се провери липидниот профил.

▪️ Розацеата не е само „чувствителна кожа“. Таа е хронична воспалителна состојба, а кај дел од афектираните лица може почесто да се среќава заедно со одредени дигестивни или кардиометаболички нарушувања.

▪️ Долготрајното распространето чешање без видлив осип најчесто има кожна причина, но понекогаш може да бара и поширока медицинска процена.

Важно е да се запомни: ниту една од овие промени сама по себе не поставува дијагноза.

Кожата треба соодветно да се третира, но понекогаш е потребно да се открие и што ја поттикнува промената.

Кожната промена е трага — не конечна дијагноза.

#ЗдравјеНаКожата #НегаНаКожата #Розацеа #Акни

26/07/2026

✨NanoJet неивазивната мезодермална терапија е најнова иновација за трансдермално вбризгување на медикаменти или мезо супстанци во кожата, без притоа да го "оштети" епидермисот т.е површинскиот слој на кожата.

👉Суперсоничната брзина од 560m/s овозможува нано-атомизација на мезо препаратот и негова лесна абсорбција преку пробивање на епидермалната кожна бариера.
После нано-атомизацијата на мезо препаратот под дејство на суперсонична брзина, дури 80% од истиот се абсорбира дифузно во кожата и тоа длабоко во ретикуларниот дермис и хиподермис.

💎За да се спречи оксидација на избраниот мезо препарат се користи 99,9999% чист азот. На тој начин се вбризгува стабила неоксидирана формула во дермисот, нешто што до сега беше скоро незамисливо. Тоа значи дека кожата ќе може да ги користи сите бенефити од избраниот мезо препарат (концентрирани витамини, минерали, микро протеини, дхт блокатори, тиросиназа инхибитори итн.).

🌿Прецедурата е целосно безболна, безбедна и без негативни ефекти.
Истата може да се комбнира со други третмани како на пример Erbium Glass i Erbium Yag ласер, IPL,Thulium ласер, пилинзи и др. во зависност од проблематиката на кожата и посакуваниот резултат.


🔆 Нашиот концепт на третман на акни е комплексен и мултифакторијален. После консултацијата, препорачавме 101 Акне гел за...
19/07/2026

🔆 Нашиот концепт на третман на акни е комплексен и мултифакторијален. После консултацијата, препорачавме 101 Акне гел за чистење на лицето, 101 Акне лосион и SPF30 некомедогена крема.

👉 Индивидуалниот план опфати серија од комбинации на третмани распоредени на секои четири недели. Природни суплементи за балансирање на хормоните и неколку совети околу исхраната и животните навики.

✅ Резултатот не е само во комплетно чистење на акните, туку и отсранување на пост инфламаторната еритема (црвените флеки од акни). После ставањето на акните под контрола работиме на измазнување на кожата од лузните од акни. Крајниот резултат е кожа без акни и без лузни од акни.

✳️ Без антибиотици, без медикаменти, без агресивни третмани, без страв од негативни ефекти по Вашата кожа и здравје.

Лицето често зборува пред да се појави јасен симптом.Подуеност, уморен изглед, акни по вилицата, темни подочници, поблед...
12/07/2026

Лицето често зборува пред да се појави јасен симптом.

Подуеност, уморен изглед, акни по вилицата, темни подочници, поблед тен или нагло црвенило на образите — не секогаш се само „кожа“.

Понекогаш зад овие промени стои хормонален дисбаланс.

Кога кортизолот е висок, лицето може да изгледа подуено и уморно, а акните често се појавуваат во пределот на вилицата.

Кога тироидната функција е намалена, кожата може да стане побледа, очните капаци подуени, а долниот дел од лицето потежок.

Кај промени во естрогенот и прогестеронот, често се забележуваат промени во тенот, подочници, акни, мелазма, руменило или чувство дека кожата „не изгледа како порано“.

Затоа во 101 Skin Clinic не ја гледаме кожата изолирано.

Ја гледаме како дел од целото тело.

Затоа што вистинскиот третман не започнува само со крема или процедура, туку со разбирање на причината.

Кожата може да покаже што се случува внатре.

А кога ќе ја разбереме причината, можеме да направиме многу попрецизен и поефикасен план за третман.

📍101 Skin Clinic
Научен и индивидуален пристап кон кожата.

05/07/2026

Вратот не лаже.
Тоа е првото место каде што стареењето станува видливо.

Кожата на вратот е потенка, има помалку лојни жлезди и побрзо ја губи еластичноста. Резултатот?
Фини линии, хоризонтални брчки, опуштање и „рапава“ текстура.

🔬 Tixel е иновативна термо-механичка технологија која контролирано ја стимулира кожата без класичен ласер. Со прецизна топлинска енергија се активира:

✔️ продукција на нов колаген
✔️ подобрување на текстурата
✔️ затегнување на кожата
✔️ намалување на фините линии

Предноста на Tixel е што третманот е минимално инвазивен, со краток период на опоравување и видливо подобрување на квалитетот на кожата по неколку сесии.

Посебно е ефикасен кај:
• фотостареење
• фини брчки
• опуштена кожа
• кожа која изгледа „уморно“

Во 101 Skin Clinic пристапуваме индивидуално – со проценка на дебелината, хидратацијата и степенот на еластичност на кожата.

Вратот заслужува исто внимание како и лицето.

📩 За консултација и план на третман – контактирајте нè.

#АнтиЕјџинг #КолагенСтимулација #НаученПристапКонКожата

❗️Мелазма е една од формите на хиперпигментација на кожа која е најтешка за третирање. Најтешка во смисла на најнеизвесн...
28/06/2026

❗️Мелазма е една од формите на хиперпигментација на кожа која е најтешка за третирање. Најтешка во смисла на најнеизвесни резултати, можност за влошување на состојбата а во некои случаи и повторно враќање на истата.

🔆Нашиот пристап на третман е мултидисциплинарен. Многу е важно да знаеме дали се работи за епидермална, дермална или комбинирана форма. Епидермалната е "наједноставна" за третирање, дермалната најтешка, а комбинираната најкомплексна.

✅ Erbium Glass неаблативниот фракционен ласер е одобрен за третман на мелазма од страна на FDA.


☀️ Дали сонцето е навистина најголемиот тригер за розацеа?Многу голем дел од луѓето кои имаат проблем со розацеа забележ...
21/06/2026

☀️ Дали сонцето е навистина најголемиот тригер за розацеа?

Многу голем дел од луѓето кои имаат проблем со розацеа забележуваат влошување по изложување на сонце, но вистината е дека причината е посложена отколку што изгледа.

Истражувањата покажуваат дека сончевата светлина е еден од најчестите тригери кај лицата со розацеа. Сепак, не се работи само за УВ-зраците. Видливата светлина и топлината исто така можат да придонесат за појава на црвенило, чувство на печење и зголемена чувствителност на кожата.

Сончевата светлина може да поттикне оксидативен стрес, активација на воспалителни механизми во кожата и проширување на крвните садови. Токму затоа кај некои лица доаѓа до нагло влошување на симптомите по престој на отворено.

Но, важно е да се знае дека не секое лице со розацеа реагира исто.

Кај некои сонцето е главниот тригер, додека кај други поголемо влијание имаат:
✔ топлина
✔ ветер
✔ физичка активност
✔ алкохол
✔ одредени производи за нега на кожа

Најдобриот начин да ги откриете сопствените тригери е да водите дневник во период од неколку недели и да ги следите ситуациите во кои се појавува влошување.

Во 101 Skin Clinic секогаш нагласуваме дека дел од успешниот третман на розацеа е и препознавање и контрола на индивидуалните фактори што ја влошуваат состојбата.

📍 101 Skin Clinic
🔬 Индивидуален пристап кон розацеа и чувствителна кожа

#Розацеа #ЦрвенилоНаЛице #ЧувствителнаКожа #НегаНаКожа #ЗдраваКожа

07/06/2026

Лузните од акни не се само естетски проблем – тие се траен потсетник на воспалението што некогаш било присутно во кожата.

Добрата вест е дека денес постојат технологии кои можат значително да го подобрат изгледот на кожата и да ја поттикнат нејзината природна регенерација.

Во 101 Skin Clinic, еден од третманите што најчесто го користиме кај атрофични лузни од акни е Erbium Glass ласерот.

🔬 Како делува?

Ласерот создава илјадници микроскопски зони во кожата без да ја оштети целата површина. На тој начин се активира процес на обновување и создавање нов колаген во подлабоките слоеви.

Со текот на времето може да се постигне:
✔ подобрување на текстурата на кожата
✔ намалување на длабочината на лузните
✔ порамномерна површина на лицето
✔ поцврста и поквалитетна кожа

Важно е да се знае дека не сите лузни од акни се исти.

Некои се плитки, некои длабоки некои се округли, други квадратни а трети изгледаат како проширени пори, а кај дел од клиентите најдобри резултати се постигнуваат со комбиниран пристап кој може да вклучува:
▪ Erbium Glass ласер
▪ RF микроиглички
▪ TCA CROSS техника

Затоа секој третмански план го креираме индивидуално, според типот на лузните и состојбата на кожата.

#ЛузниОдАкни #Колаген #Регене

🔆 Нашиот концепт на третман на акни е комплексен и мултифакторијален. После комплексната анализа на акните, препорачавме...
31/05/2026

🔆 Нашиот концепт на третман на акни е комплексен и мултифакторијален. После комплексната анализа на акните, препорачавме 101 Акне гел за чистење на лицето, 101 Акне лосион и SPF30 некомедогена крема.

👉 Индивидуалниот план опфати серија од комбинации на третмани распоредени на секои четири недели. Природни суплементи за балансирање на хормоните и неколку совети околу исхраната и животните навики.

✅ Резултатот не е само во комплетно чистење на акните, туку и отсранување на пост инфламаторната еритема (црвените флеки од акни). Крајниот резултат е кожа без акни и без лузни од акни.

✳️ Без антибиотици, без медикаменти, без агресивни третмани, без страв од негативни ефекти по Вашата кожа и здравје.


Address

Љубљанска 6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 15:00

Telephone

+38978270954

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 101skin.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to 101skin.mk:

Shortcuts

Share