Bilna Apteka

Call Directions Website

Bilna Apteka Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои произлегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Има вкусови што нè враќаат кон природата🍃. Нежниот и препознатлив вкус на органскиот чај од липа е совршен избор за оние...
03/11/2026

Има вкусови што нè враќаат кон природата🍃.
Нежниот и препознатлив вкус на органскиот чај од липа е совршен избор за оние моменти кога сакате едноставно да забавите и да уживате во топла шолја чај.
Органски чај Липа, побарајте го во Билна Аптека и подарете си момент само за себе.

Доите, а имате дилеми околу лактацијата?Кога се користи чајна мешавина за доилки?Како правилно се подготвува?Колку често...
30/10/2026

Доите, а имате дилеми околу лактацијата?
Кога се користи чајна мешавина за доилки?
Како правилно се подготвува?
Колку често може да се пие?
Кои билки ги содржи Lakta Mix Premium?
Секое искуство со доењето е различно.
И секое прашање е важно.
💬 Прашајте ја Билна Аптека.

Купувај и штеди - во Билна АптекаПобарај ги Becutan марамчињата со 99% прочистена вода, до крај на октомври по супер цен...
29/10/2026

Купувај и штеди - во Билна Аптека
Побарај ги Becutan марамчињата со 99% прочистена вода, до крај на октомври по супер цени.
Избери го пакувањето кое најмногу ти одговара на твоите потреби, посети нè и добиј производи со врвен квалитет, по одлични цени!

Освежување во ритамот на денот.Црн чај збогатен со пријатна кисела нота на плодот од шипка, свежителен вкус на цветови о...
28/10/2026

Освежување во ритамот на денот.
Црн чај збогатен со пријатна кисела нота на плодот од шипка, свежителен вкус на цветови од хибискус, како и добропознаните вкусови на липа и камилица - комбинација која ќе ве натера да посегнете по уште една шолја чај.

Вашите раце може да бидат негувани како никогаш претходно, со ASSO кремите за раце. 📣 Побарајте ги во Билна Аптека по су...
27/10/2026

Вашите раце може да бидат негувани како никогаш претходно, со ASSO кремите за раце.
📣 Побарајте ги во Билна Аптека по супер цена од 88 денари и кажете „збогум“ на сувата кожа во ладните денови кои ни претстојат.

Good Nature подарок 🎁? Може!Посетете ја Билна Аптека, купете сет Good Nature Енерго Ц и Good Nature Имунo Zn чаеви по од...
26/10/2026

Good Nature подарок 🎁? Може!
Посетете ја Билна Аптека, купете сет Good Nature Енерго Ц и Good Nature Имунo Zn чаеви по одлична цена од 224 денари и добијте брендирана шолја како подарок!
Одлично за себе, за подарок, за било кое годишно време или време од денот - Good Nature!

Млеко, крем или масло – што да изберете за кожата на вашето малечко 🩵? Becutan хидратантното млеко за тело е наменето за...
25/10/2026

Млеко, крем или масло – што да изберете за кожата на вашето малечко 🩵?
Becutan хидратантното млеко за тело е наменето за секојдневна нега и хидратација на нежната детска кожа, помагајќи таа да остане мека и негувана.
А кога кожата е посува? Кога е подобро крем, а кога млеко?
Имате дилема? Прашајте ја Билна Аптека.

Добро утро со мирис на цимет👌.Потребна само една мала состојка за омилениот појадок да стане уште повкусен. Прстофат цим...
21/10/2026

Добро утро со мирис на цимет👌.

Потребна само една мала состојка за омилениот појадок да стане уште повкусен.
Прстофат цимет во овесна каша, јогурт, гранола или омиленото смути – за препознатлива арома и вкус што го заокружува секој залак.

Кога денот бара повеќе од тебе, направи пауза што ти дава повеќе🍵.Енерго Ц е чајна мешавина со додаден витамин Ц, создад...
19/10/2026

Кога денот бара повеќе од тебе, направи пауза што ти дава повеќе🍵.
Енерго Ц е чајна мешавина со додаден витамин Ц, создадена за оние моменти кога ти треба поддршка за да продолжиш со своето темпо.

Нежната кожа бара нежна формула🩵. Becutan детскиот хидратантен крем е создаден за потребите на чувствителната бебешка ко...
10/10/2026

Нежната кожа бара нежна формула🩵.

Becutan детскиот хидратантен крем е создаден за потребите на чувствителната бебешка кожа.

🩵 Ја одржува природната влажност на кожата
🩵 Ја зајакнува нејзината заштитна функција
🩵 Содржи витамини А, Ц и Е и природни масла од маслинка, семки од грозје, соја, бадем и сончоглед

Лесната текстура брзо се апсорбира, а формулацијата е без парабени, алкохол и боја.

Address

11 Oktomvri 46
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 14:00

Telephone

+38923237975

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bilna Apteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Nearby health & beauty businesses