01/10/2026
💚 И СИЛНИТЕ ЖЕНИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ГРИЖА
Понекогаш зад најубавата насмевка се кријат најтешките животни битки.
По повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, тимот на SKIN SOLUTION сака да подари малку внимание и убав момент на жените кои поминуваат низ тежок животен период.
На мајките кои се грижат за болни деца, на жените кои се соочуваат со болест, загуба или други животни предизвици. На секоја жена на која во овој момент би ѝ значело некој да се погрижи за неа. 💚
🫶 ПОДАРУВАМЕ 10 БЕСПЛАТНИ ТРЕТМАНИ ЗА НЕГА И РЕЛАКСАЦИЈА НА ЛИЦЕТО!
Како да се пријавите?
Напишете „Се пријавувам“ во коментар под оваа објава. Можете и да означите жена на која би ѝ значел овој подарок, за да дознае за акцијата и самата да се пријави.
Не е потребно да ја споделувате својата лична приказна.
Пријавувањето трае до 10 октомври 2026 година. Потоа, по случаен избор, ќе бидат избрани 10 жени кои ќе ги добијат бесплатните третмани. Избраните учеснички ќе ги објавиме во посебна објава на нашата страница, а третманите ќе можат да ги искористат во октомври и ноември, со претходно закажување.
✨ ПОМОГНЕТЕ НИ ДОБРИНАТА ДА СЕ ШИРИ!
Споделете ја објавата за да стигне до што повеќе жени. Ги повикуваме и колегите од медицината и естетската медицина, козметичките салони, компаниите и поединците да се приклучат со свој мал гест на добрина.
Не можеме да ги решиме сите нечии проблеми, но можеме барем за миг да направиме некој да се почувствува важен и згрижен. 💚
Со љубов,
Д-р Наталија Јорданова Траески
Специјалист дерматовенеролог
Валентина Илчевска Димиќ
Медицинска сестра
Тимот на SKIN SOLUTION 💚
#СилнитеЖени #СветскиДенНаМенталнотоЗдравје #СподелиДобрина