03/11/2026
Од ноември до јануари, нашиот скалп води мала битка. Сувиот воздух во становите, врелата вода под туш и капите што го носат своето. Но, тука сме за да ја преземеме контролата и да и вратиме на косата здрав, негуван изглед.
Еве што во пракса всушност помага најмногу 👇
Прв чекор: Препознај што ти порачува скалпот
Ти треба само огледало и половина минута.
Сув првут: Ситни, бели лушпи што паѓаат по облеката. Скалпот затегнува и чеша.
Мрсен првут: Крупни, жолтеникави лушпи што се задржуваат во коренот и патецот, а косата многу бргу се мрси.
Три мали навики за голема промена
Дај му време на шампонот да делува. Нежно втриј го со прстите (никако со нокти, за да не ја иритираш кожата) и остави го 2-3 минути пред плакнење. Повеќето од нас го плакнат за 20 секунди, скратувајќи му ја можноста да го заврши својот соодветен ефект.
Млака вода и целосно сув корен. Врелиот туш годи во студените денови, но драстично ја суши кожата на главата. После миење, секогаш прво исуши го коренот со фен на средна температура, па дури потоа должините.
Испери се што ја допира твојата коса. Навлаките на перниците менувај ги неделно, а капите и шаловите перете ги на две до три недели. Чистата коса заслужува чисто опкружување.
Доследноста е твојата најголема моќ. Првутот не исчезнува преку ноќ и на скалпот му се потребни неколку недели иста, негувачка рутина. Најголемата промена ја гледаат жените кои не се откажуваат по првото миење.
🌿 Затоа за оваа сезона ви го препорачуваме нашиот шампон за коса склона кон првут. Содржи екстракт од рузмарин, рицинусово масло и екстракт од магарешки трн а покрај нив и пироктон оламин и цинк PCA, состојки кои со години се користат во негата на коса склона кон првут. Погоден е и за жени и за мажи, па слободно сподели го со машкиот дел од домаќинството.
Доколку имаш пријателка на која овој текст би и значел, слободно прати ѝ го. Заедно градиме заедница на негувани и самостојни жени.
Нарачајте веднаш на линкот https://www.zdravzivot.mk/produkt/sampon-protiv-prvut/ во порака или на телефонот 📞071 311 197.
#ШампонПротивПрвут #Нега #Убвина #Здравје #СјајнаКоса #Рузмарин #МагарешкиТрн #Рицинус #ЗдравСкалп