Orto Denta ES

Directions Website

Orto Denta ES Официјално застапништво за "ORMCO" "Stylage" "Inno Aesthetic" "Croquis" и "
(1)

INNOAESTHETICS | BEYOND ANTI-AGINGПовеќе од анти-ејџинг: Долговечност и здрава кожа преку комбинирани протоколиСовремена...
03/11/2026

INNOAESTHETICS | BEYOND ANTI-AGING

Повеќе од анти-ејџинг: Долговечност и здрава кожа преку комбинирани протоколи

Современата естетска медицина бара индивидуализиран пристап, прецизна проценка на состојбата на кожата и правилен избор на терапевтски протоколи.

Ве покануваме на еднодневно стручно предавање со д-р Милица Дервишевиќ, доктор по естетска медицина, посветено на современите терапевтски пристапи во третманот на хиперпигментации, лузни и регенерација на кожата.

Во фокусот на едукацијата ќе бидат:

• ME LINE протоколи – диференцијален пристап кон мелазма, постинфламаторна хиперпигментација (PIH) и други форми на пигментни нарушувања, со акцент на правилната проценка и изборот на третман.

• INNO-EXFO хемиски пилинзи – професионални протоколи за третман на акни, постакне промени, лузни, нарушена текстура и фотостареење.

• Регенеративна естетика и Skin Longevity– полинуклеотиди, егзозоми и напредни мезотерапевтски коктели, нивните индикации и можности за комбинирана примена.

• Персонализирани терапевтски стратегии– индивидуално планирање на третмани, оптимизација и одржување на постигнатите резултати.

Едукацијата вклучува анализа на клинички случаи, стручна дискусија и LIVE демонстрација на INNOAESTHETICS професионален протокол – од проценка на кожата и избор на препарати до изведување на третманот и посттретмански препораки.

📅 12 декември 2026
📍 Хотел Солун, Скопје

📩 За повеќе информации и пријавување, контактирајте нè на 072 229 384.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

02/11/2026

Сакате да ги направите своите први чекори во областа на естетската медицина? Придружете ни се на почетниот курс за апликација на хијалуронски филери со спец. д-р Слободан Ѓеоргиев.

✨ Што е во фокусот на едукацијата?
✔️ Правилен избор и безбедна апликација на филери
✔️ Индикации, контраиндикации и справување со компликации
✔️ Практична работа на пациенти и техники за корекција на различни регии на лицето: усни, назолабијални бори, марионети, пушачки бори и јагодици.

📅 27–28.11.2026
⏰ 10:00–18:00 ч.
📍 Едукативен центар Орто Дента ЕС
‼️ Бројот на места е ограничен!
🔗 Линк за пријавување: https://form.jotform.com/243253428787365

Пријавете се на линкот погоре или контактирајте не на
072/229-384

✉️ [email protected]

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Inno Exfo BIO C од INNOAESTHETICS – хемиски пилинг за ревитализација на кожата и враќање на сјајот. Погоден за anti-age ...
29/10/2026

Inno Exfo BIO C од INNOAESTHETICS – хемиски пилинг за ревитализација на кожата и враќање на сјајот.

Погоден за anti-age третмани, осветлување на тенот, заштита од слободни радикали и подобрување на структурата на кожата.

✨ Придобивки:
• Помага во спречување на фотостареењето.
• Придонесува за подобра хидратација на кожата.
• Ја подобрува еластичноста и цврстината.
• Придонесува за посјаен и порамномерен тен.
• Погоден е и за одржување на ефектите од претходни пилинзи, според процената на професионалецот.

Содржи високоактивни состојки како: аскорбинска и гликолна киселина, хијалуронска киселина и витамин А.

• Пакување: 2 × 5 ампули од 2 ml

📩 За повеќе информации за производот и нарачка контактирајте нè на 072/229-384.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

🦷 OPTIBAND™ ULTRA – OrmcoСигурност и практичност при секојдневната ортодонтска работа.OptiBand Ultra е еднокомпонентен, ...
26/10/2026

🦷 OPTIBAND™ ULTRA – Ormco

Сигурност и практичност при секојдневната ортодонтска работа.

OptiBand Ultra е еднокомпонентен, фотополимеризирачки цемент за фиксирање на ортодонтски прстени, дизајниран за едноставна апликација и сигурно поставување.

🔹Главни карактеристики
- Светлосно полимеризирачки – се стврднува со помош на светлина.
- Еднокомпонентна формула – не е потребно мешање пред употреба.
- Директна апликација – со помош на апликаторски врв цементот се нанесува директно во ортодонтскиот прстен.
- Сина или боја на забот – сината варијанта овозможува полесно отстранување на вишокот материјал.

📩 За повеќе информации и нарачки, контактирајте нè на 078/284-783.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

💉 Време е за нови знаења и практични вештини!Дали сакате да ги направите своите први чекори во апликацијата на хијалурон...
21/10/2026

💉 Време е за нови знаења и практични вештини!

Дали сакате да ги направите своите први чекори во апликацијата на хијалуронски филери? Придружете ни се на почетниот курс со спец. д-р Слободан Ѓеоргиев и запознајте се со техниките што се применуваат во естетската медицина.

✨ Во фокусот на едукацијата:
✔️ Правилен избор и безбедна апликација на филери
✔️ Индикации, контраиндикации и справување со компликации
✔️ Практична работа на пациенти и техники за корекција на различни регии на лицето: усни, назолабијални бори, марионети, пушачки бори и јагодици.

📅 27–28.11.2026
⏰ 10:00–18:00 ч.
📍 Едукативен центар Орто Дента ЕС

🎓 Два дена теоретска и практична едукација наменета за стоматолози, доктори и специјалисти кои сакаат да го прошират своето знаење во областа на естетската медицина.

📩 За информации и пријавување:
📞 072/229-384
✉️ [email protected]

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

🦷 Успешно ги одржавме првите два модули од годишната Damon System програма!Учесниците ги продлабочија своите знаења за D...
20/10/2026

🦷 Успешно ги одржавме првите два модули од годишната Damon System програма!

Учесниците ги продлабочија своите знаења за Damon System и предностите на пасивната самолигација. Модулите опфатија: анализа на лице и ортодонтско планирање, избор и примена на лакови и торкови, интермаксиларни гумици, работа со различни малоклузии како и практично бондирање - Damon брекети и туби на сопствени модели.

✅ Дел од едукацијата беше посветена на презентација на пациенти кои учесниците ги третираат со Damon System, со дискусија за планирањето и текот на терапијата, како и за клиничките предизвици.

Ова е само почеток на една година посветена на знаење, практична работа и професионално усовршување во современата ортодонција.

Продолжуваме со третиот модул во март!

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

17/10/2026
09/10/2026

Како Едукативен центар, особено сме горди што нашите едукатори континуирано инвестираат во своето знаење и професионално усовршување, следејќи ги современите достигнувања во стоматологијата.

🇧🇷🦷Спец. д-р Слободан Ѓеоргиев учествуваше на петдневна напредна едукација во ILAPEO Institute во Куритиба, Бразил, посветена на темата „Premium Full Arch Rehabilitation with Immediate Loading – NeoArch Technology“.

Едукацијата, организирана од Zygomax Association во соработка со Neodent Montenegro и Straumann Group, опфати интензивна теоретска и практична работа со пациенти, примена на современи клинички протоколи и размена на искуства со меѓународни експерти.

Веруваме дека добриот едукатор е и постојан ученик. Затоа ја поддржуваме професионалната надградба на нашиот тим, со цел современите знаења и искуства да продолжат да се пренесуваат преку нашите едукативни програми.🦷🌎

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Тимот на Орто Дента ЕС беше дел од ортодонтскиот симпозиум „Ортодонцијата денес – од алајнери до современ третман на ком...
08/10/2026

Тимот на Орто Дента ЕС беше дел од ортодонтскиот симпозиум „Ортодонцијата денес – од алајнери до современ третман на комплексни краниофацијални аномалии“, кој се одржа на 3 октомври 2026 година во Хотел Лимак, Скопје.

Симпозиумот беше организиран од МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција, со цел размена на знаења, искуства и современи пристапи во областа на ортодонцијата.

На настанот, Орто Дента ЕС присуствуваше со свој изложбен штанд, на кој присутните имаа можност да се запознаат со богат избор на ортодонтски производи од Ormco – бренд со долгогодишна традиција и иновации во современата ортодонција.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

05/10/2026

Ни претставува особено задоволство што знаењето и искуството на нашите едукатори се споделуваат и надвор од нашите едукативни програми.

Спец. д-р Елена В. Ѓеоргиева беше поканета како предавач на ALIGN & SYNC 2026 во Белград, дводневен конгрес во организација на Serbian Aligner Society.

Заедно со д-р Катарина Јаниќ Басиќ зборуваа на тема „Hybrid Treatment of TMJ with Splints and Aligners“- предавање посветено на темпоромандибуларниот зглоб (TMJ) и неговата улога во современата ортодонтска и алајнер терапија.

Конгресот беше фокусиран на современите ортодонтски пристапи, дигиталните протоколи и новите перспективи во терапијата со алајнери.

Како Едукативен центар, продолжуваме да ја поддржуваме размената на знаење и искуства што ги поврзува колегите и ја збогатува ортодонтската пракса. 🦷

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Address

Tome Arsovski 14
Skopje
1120

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Orto Denta ES posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Nearby health & beauty businesses